إعدادات العرض
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалак е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена молбата?‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tagalog ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල Русский Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو አማርኛ Oromoo ไทย Română മലയാളം नेपाली Malagasy Deutsch Кыргызча తెలుగు ქართული Moore Magyar Svenskaالشرح
Пратеникот, алејхи селам, ни кажа дека Аллах е добар, свет, над сите недостатоци и мани, и се карактеризира со совршенство, и нема да прими ниту едно дело или говор освен оние што се добри, искрено направени за Аллах и во согласност со праксата на Пратеникот, алејхи селам, и не треба да Му се доближуваме на Аллах освен на овој начин, а една од најголемите работи што може да се постигне со добри дела за верникот е добрата храна, која треба да биде халал. На овој начин и делата ќе му бидат добри, и затоа Аллах им заповеда на верниците да го прават она што им заповедал на пејгамберите, да јадат халал храна и да прават добри дела. Тој рекол: „О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!“, исто така Возвишениот рекол: „О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах.“ Потоа, алејхи селам, предупреди да не јадеме харам, кој ги поништува делата и не дозволува да бидат прифатени, без разлика колку причини сме исполниле за да бидат прифатени. Меѓу нив се: Прво: Долгото патување со цел да направиме некое богоугодно дело како што се аџилакот, џихадот, одржувањето на семејни врски и др. Второ: Ако косата е бушава затоа што не е исчешлана, а бојата на косата и облеката се смениле поради прав, бидејќи е во тешка ситуација. Трето: Ги кренал рацете кон небото молејќи се. Четврто: Упорно Го повикува Аллах со Неговите убави имиња: Господару! Господару! И покрај овие причини за одѕив на молитвата, тој не беше слушнат; Тоа е затоа што она што го јаде, пие и она што го носи е харам, се храни со она што е харам, па ни оддалеку не е можен одѕив на оној со овие карактеристики, и како да му се одѕвие?!فوائد الحديث
Совршеноста на Аллаховото битие, на Неговите атрибути, делата и прописите.
Наредба да бидеме искрени во делата, само за Аллах, и да бидат во согласност со праксата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам.
Користење на она што поттикнува на дејствување, како што рекол Пратеникот, алејхи селам: „Аллах им наредил на верниците да го прават она што им го наредил на веровесниците“, ако верникот знае дека тоа е една од наредбите кон веровесниците, ќе биде охрабрен да се придржува кон тоа.
Една од причините довата да биде одбиена е конзумирањето на харам.
Меѓу причините за одѕив на довата се пет работи – едно од нив е: долгото патување, поради скрушеноста што ја носи, што е една од најголемите причини за одѕив.
Втората причина е: во состојба на потреба.
Третата причина: подигање раце кон небото.
Четврта причина: истрајно да бараме од Аллах и постојано да го спомнуваме Неговото господство, што е една од најголемите причини за одѕив на довата.
Петта причина: конзумирање на халал храна.
Конзумирањето на халал храна е една од причините кои ни помагаат да правиме добри дела.
Ел Кади рекол: „Убавото е спротивно на лошото, па ако Возвишениот Аллах се опишува така, тоа значи дека Тој е далеку од недостатоци и е Свет од какви било мани, а ако човекот е опишан со овие зборови во општа смисла, тоа значи дека е далеку од недостатоците во моралот и грдите дела, туку е спротивно од тоа, а ако овој збор го користиме за имотот, тоа значи дека е халал и дека е од најубаво стекнатите имоти.“