„Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“

„Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил муслиманот да пости ден или два пред рамазан со цел да се биде претпазлив за рамазанот, бидејќи задолжителноста на постот во рамазан е поврзана со појавата на младата месечина, и нема потреба од оптоварување со дополнителен пост. Исклучок се оние што имаат пракса на редовен доброволен пост – како оние што постат еден ден, а еден не (постот на Давуд), или секој понеделник и четврток – па ако тоа се совпадне, нека пости. Тоа не се смета за пречекување на рамазан преку пост. Исто така, дозволено е постење ако е во прашање задолжителен пост, како напостување ден кој не бил постен или за пост поради завет.

فوائد الحديث

Забрането е преоптоварувањето, и обврска е ибадетот да се извршува онака како што е пропишан – без додавање или одземање.

Мудроста која ја содржи овој пропис – а Аллах најдобро знае – е разликувањето меѓу задолжителните и доброволните ибадети, како и подготовката за рамазан со енергија и желба, така што постот ќе биде препознатлив белег на тој чесен и одликуван месец.

التصنيفات

Постот нво сомнителниот ден