إعدادات العرض
„Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се…
„Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодатите се Твои, а Твоја е и власта, Тебе кому никој не му е рамен.)
Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, пренесува дека телбијата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, гласела: „Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодатите се Твои, а Твоја е и власта, Тебе кому никој не му е рамен.) А Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, додаваше во телбијата: „Леббејке, леббејке, ве саʿдејк, вел-хајру биједејк, леббејке, вер-рагбау илејке вел-амел.“ (Се одзивам, се одзивам, Среќата доаѓа од Тебе, доброто е во Твоите раце! Се одзвивам – стремежот е кон Тебе, и делото!)
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Português Kurdî සිංහල Русский Kiswahili Tiếng Việt অসমীয়া ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული ಕನ್ನಡ Mooreالشرح
Телбијата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога имал намера да започне со некој од обредите на аџилакот или умрата, гласела: „Леббејке Аллахумме леббејк“ – Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам – постојано и повторно, на Твојот повик кон искреност, тевхид, аџилак и сè на што нè повика. „Леббејке ла шерике леке леббејк“ – Ти се одзивам, Тебе Кому никој не Му е рамен – Ти единствено заслужуваш да бидеш обожуван, без здруженици во Твоето господарство, божественост, имиња и својства. „Иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек“ – Навистина, секоја благодарност, секоја благодат и секој благослов се од Тебе – Ти си Оној што ги дарува. Тебе Ти припаѓа власта. Сето тоа е Твое, само Твое – немаш никакви здруженици. А Ибн Омер – Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко – додаваше во телбијата: „Леббејке, леббејке, ве саʿдејк“ – Ти се одзивам, Ти се одзивам, и Те молам за среќа од Тебе една по друга. „Вел-хајру биједејк“ – Сето добро е во Твоите раце и потекнува од Твојата добрина. „Леббејк, вер-рагбау илејке“ – Ти се одзивам – стремежот, желбата и молбата се упатени се кон Тебе, бидејќи Ти го поседуваш сето добро. „Вел-ʿамел“ – А делото е заради Тебе, зашто само Ти си достоен за ибадет.فوائد الحديث
Пропишаноста на телбијата при аџилакот и умрата и нејзиното потврдено место во тие обреди – затоа што телбијата е нивно посебно обележје, слично како што текбирот е обележје на намазот.
Ибн ел-Мунир рекол: „Пропишаноста на телбијата е показател за честа која Аллах им ја укажал на Своите робови – бидејќи нивното поаѓање кон Божјата куќа – Ќаба, е во суштина и одзив на Неговиот повик.“
Најдобро е да се придржува кон телбијата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, но дозволено е да се додаваат зборови, бидејќи тој, салаллаху алејхи ве селем, тоа го одобрил. Ибн Хаџер вели: „Ова е најправедниот став – телбијата што е пренесена како мерфу (од самиот Пратеник) се издвојува самостојно, а оној што сака да каже нешто што е мевкуф (од некој од асхабите) или сам да состави нешто соодветно, нека го каже тоа одвоено, за да не се помеша со она што е мерфу од текстот. Тоа е слично со довата во тешехудот, за која Пратеникот рекол: ,Потоа нека избере од довите и пофалбите што сака‘, односно, по завршувањето на она што е пренесено од Пратеникот.“
Препорачливо е мажот да ја изговара телбијата со покачен глас, а жената да го намали гласот, поради страв од искушение (фитна).
التصنيفات
Прописи на ихрамот