إعدادات العرض
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
Од Ебу Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Русский Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو አማርኛ Oromoo ไทย Română മലയാളം Malagasy नेपाली Deutsch Кыргызча తెలుగు ქართული Moore Magyar Svenskaالشرح
Пратеникот, алејхи селам, ни кажал дека меѓу заповедите што ги спомнале поранешните веровесници, а кои кружеле меѓу луѓето и се пренесувале од нив со векови, сè додека не стасале до овој народ, погледни што сакаш да направиш, па ако е нешто од што не се срамиш, тогаш направи го, а ако е нешто од што се срамиш, не прави го. Причина за неизвршувањето на лошите дела е срамот, па кој нема срам, ќе направи секакво зло и лошотија.فوائد الحديث
Срамот е основа на убавиот морал.
Срамот е една од особините на веровесниците, алејхимусселам, и тој потекнува од нив.
Срамот го насочува муслиманот да прави убави и добри дела, а да се оддалечи од лошите и срамните.
Ел-Невеви рекол: Заповедта во овој хадис значи дозвола, што значи: Ако сакате да направите нешто, ако тоа е нешто што не би се срамиле да го правите од Аллах или од луѓето, тогаш направете го, инаку не правете го тоа, ова е ставот на исламот, а тоа укажува дека сето она што е задолжително или препорачано е срам да не го правиме. А она што е забрането и непожелно, е срамота да се направи. Што се однесува на она што е дозволено, може од срам и да го направиме и да не го направиме. Според тоа, хадисот опфаќа пет принципи, а кажано е и: Овде се работи за закана, и неговото значење е: Ако немаш срам, тогаш прави што сакаш. Аллах ќе те награди или казни за тоа, а исто така е кажано: Тоа е во форма на заповед, но во смисла на известување, што значи: Кој не се срами, прави што сака.
التصنيفات
Добри морални особини