Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај…

Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот)

Енес, радијаллаху анху, раскажува: Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот).

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, честопати на Аллах Му упатувал сеопфатни дови. Една од таквите е: „Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина ‘азабен-нар.“ Оваа дова го опфаќа доброто на овој свет: доволно и халал снабдување, доблесна сопруга, дете кое носи радост, благосостојба, корисно знаење, добри дела и слични на овие работи кои ги сакаме и се дозволени, исто така довата го опфаќа и доброто на идниот свет, што подразбира безбедност од казната во гробот, на Судниот ден и во пеколот; задоволството на Аллах, вечното уживање во благодатите и во блискоста до Милостивиот Господар.

فوائد الحديث

Пофално е да се упатат сеопфатни молби до Аллах, следејќи го во тоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам.

Најсоодветно е човекот да го бара од Аллах и овосветското и доброто на идниот свет.

التصنيفات

Довите пренесени во верските текстови