„Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас

„Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас

Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас. Таа ги натера да пролеат крв и да си го дозволат она што беше забрането.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè предупредува од неправдата, како што е: угнетувањето на луѓето, неправдата кон себе и неисполнувањето на Аллаховото право. Неправда е некому да не му дадеш нешто што му припаѓа. На Судниот ден неправдата ќе биде како темнина која носи страдање и ужас. Пратеникот ни забранува да бидеме алчни и скржави, тако што нема да ги исполниме материјалните обврски или ќе имаме прекумерна страст кон овој свет. Овој тип на неправда ги уништи претходните народи бидејќи ги наведе да се убиваат меѓусебно и да го дозволат она кое Севишниот им го забранил.

فوائد الحديث

Давањето милосрдие и солидарноста со браќата муслимани е причина за взаемна љубов и блискост.

Скржавоста и алчноста водат кон гревовите, неморалот и расипаноста.

Треба да земеме поука од минатите народи.

التصنيفات

Доблести и манири, Лоши морални особини