„Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“

„Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“

Аиша, радијаллаху анха, ни пренесува велејќи: Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, како вели: „Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“

[صحيح بشواهده] [رواه أبو داود وأحمد]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека со добрите карактерни особини, човекот се издигнува на ниво на оној кој постојано дење пости и се моли/клања ноќе, а тоа убаво однесување може да се сумира во следново: добродетелство, убав говор, насмеано лице, воздржување од нанесување штета и трпение кон луѓето.

فوائد الحديث

Исламот особено се грижи за убавото однесување и за неговата совршеност.

Вредноста на убавото однесување, е до тој степен што Аллаховиот роб ќе го достигне нивото на оној кој секој ден постел и тој што секоја ноќ бдеел во намазот.

Постот во текот на денот и клањањето ноќе се две големи дела кои им се тешки на нашите души. Меѓутоа, тој што има убав карактер го достигнува нивното ниво, затоа што и тој треба да вложи огромен напор за да го доуреди и разубави својот карактер и своето однесување.

التصنيفات

Добри морални особини