إعدادات العرض
„Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот…
„Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот свет.“
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот свет.“
الترجمة
العربية Bosanski English فارسی Français Русский हिन्दी 中文 ئۇيغۇرچە Bahasa Indonesia اردو Kurdî Português دری অসমীয়া Tiếng Việt አማርኛ Svenska ไทย Yorùbá Кыргызча Kiswahili ગુજરાતી Hausa नेपाली Română മലയാളം Nederlands Oromoo සිංහල پښتو తెలుగు Kinyarwanda Malagasy Türkçe ಕನ್ನಡ Српски Moore ქართული Čeština Magyar Українська Lietuvių Azərbaycanالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека сè што го заматува и ограничува разумот се смета за опојно средство, без разлика дали се консумира преку пиење, јадење, вдишување или на друг начин. Секое средство што опива и го нарушува разумот е забрането од Возвишениот Аллах и е строго забрането, без оглед на тоа дали се користи во мала или голема количина. Дополнително, било нагласено дека секој кој ќе пие каков било вид на тие опојни средства и ќе продолжи со тоа без да се покае, сè до смртта, ќе биде казнет од Аллах и ќе биде лишен од можноста да ги пие во Џенетот.فوائد الحديث
Причината за забраната на алкохолот лежи во неговата опојност, така сè што предизвикува опивање, без разлика на видот, е забрането.
Возвишениот Аллах го забранил алкохолот поради големите штети и зла што произлегуваат од него.
Пиењето алкохол во Џенетот е дел од совршеното задоволство и потполната благодат.
Оној кој не се воздржува од пиењето алкохол на овој свет, Аллах ќе го лиши од можноста да го пие во Џенетот, бидејќи наградата или казната се во согласност со делата.
Се нагласува важноста на брзањето со покајание за гревовите пред доаѓањето на смртта.
التصنيفات
Забранети пијалоци