Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа

Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека: Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: Аллах рекол: ,Човек лаже за Мене, а нема право да го прави тоа, и Ме навредува, а нема право да го прави тоа. Што се однесува за лагата – тоа се неговите зборови: Нема да ме оживее како што ме создал првиот пат, а создавањето првиот пат не е ништо потешко од тоа да го оживеам повторно. А што се однесува до тоа дека Ме навредува, тоа го прави со неговите зборови: ,Аллах зеде дете за себе! А Јас сум Еден и Прибежиште на сите, од Кого сè зависи! Јас не родив, ниту се родив, и никој не Ми е рамен!‘“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во овој хадис-кудси објаснува дека Возвишениот нè известува за многубошците и неверниците кои Го негираат и Го опишуваат со недостатоци и маани, нашиот Господар, Аллах. А тоа тие не смеат да го прават. Тие сметаат дека Семоќниот Аллах лаже тврдејќи дека нема да ги оживее по смртта како што ги создал и им дал живот првиот пат од ништо. Затоа Севишниот им одговара дека Оној што ги создал од ништо е во состојба да ги врати во живот по смртта. Напротив, уште полесно Му е, иако низ призмата на Создателот сè е лесно – и да создаде и да оживее. Возвишениот е способен за сè. Што се однесува до нивното богохулење кон Аллах, тие тврдат дека Тој има дете. Севишниот им одговара велејќи дека Тој е Еден, и се одликува со сите карактеристики на совршеност во сите Негови имиња, атрибути и дела. Тој е чист од секоја мана и недостаток и Тој е прибежиште за сите. Нема потреба од никого, а сите имаат апсолутна потреба од Него. Никого не родил, ниту се родил, и никој не Му е рамен.

فوائد الحديث

Потврда на апсолутната моќ на Возвишениот Аллах.

Потврда дека по смртта ќе има оживување.

Неверник е тој што го негира оживувањето или смета дека Аллах има дете.

Аллах, Возвишениот, нема сличен на Себе ниту рамен на Себе.

Аллаховата милост е огромна. Тој не избрзува да ги казни неверниците туку им дава можност да се покајат и да се вратат кон верувањето.

التصنيفات

Тевхид на Аллаховите имиња и атрибути