О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш…

О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш тој ме удри по градите и рече: „Ти честитам на знаењето, Ебу Мунзир.“

Убејј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.“ Пратеникот повторно праша: „О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш тој ме удри по градите и рече: „Ти честитам на знаењето, Ебу Мунзир.“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го прашал Убеј бин Каб кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга. Убеј прво се двоумел, а потоа одговорил дека тоа е Ајетул Курси (Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател). Божјиот пратеник го потврдил одговорот и го удрил по градите како знак дека се исполнети со знаење и мудрост, и направил дова за него да биде среќен со ова знаење и да му биде олеснето.

فوائد الحديث

Ова е голема почест за Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него.

Ајетул Курси е највредниот ајет во Аллаховата Книга, затоа треба да се научи напамет, да се размислува за неговите значења и да се работи според него.