„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

Од Џабир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пејгамбер, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот ﷺ предупредил за опасноста од оставањето на пропишаниот намаз и известил дека помеѓу човекот, ширкот и неверувањето стои оставањето на намазот. Намазот е вториот столб на исламот и има огромна важност во верата. Кој го напушта негирајќи ја неговата задолжителност, тој, според консензусот на муслиманите, станува неверник. Ако го остава целосно од немарност и мрзеливост, исто така се смета за неверник, а се пренесува дека постоел едногласен став на асхабите за тоа. Но, ако некогаш го извршува, а понекогаш го пропушта, тогаш тој е изложен на оваа сериозна закана.

فوائد الحديث

Важноста на намазот и неговото чување е од суштинско значење, бидејќи тој е границата помеѓу неверството и верувањето.

Сериозно предупредување за оставањето и запоставувањето на намазот.

التصنيفات

Негации на исламот, Куфр (неверство), Обавезнота на намазот и прописот за оној кој го остава