Неговиот морал беше Куранот.“, одговори таа

Неговиот морал беше Куранот.“, одговори таа

Кога Сад бин Хишам бин Амир дошол кај Аиша, радијаллаху анха, ѝ рекол: „,Мајко на правоверниците, кажи ми нешто за моралот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам.‘, Таа рече: ,Зарем не го читаш Куранот?‘ „Го читам.‘, одговори тој ,Неговиот морал беше Куранот.“, одговори таа.

[صحيح] [رواه مسلم في جملة حديثٍ طويلٍ]

الشرح

Аиша, радијаллаху анха, мајката на правоверните, беше прашана за моралот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, а таа даде сеопфатен одговор. Го упати тој што прашува на Чесниот Куран, кој ги опфаќа сите морални особини, и кажа дека моралот на Аллаховиот Пратеник е произлезен од Куранот. Она што го заповеда Куранот, Пратеникот постапува според тоа, она што го забранува Куранот, тој го избегнува. Затоа, неговиот морал беше делување според зборовите на Куранот и застануваше кај границите кои беа во него поставени. Манирите му се базираа врз тие во Куранот, од таму ги црпеше поуките и ги извлекуваше примерите.

فوائد الحديث

Поттик да го следиме Аллаховиот пратеник, алејхи селам, на ист начин како што тој правеше, следејќи ги моралните принципи од Куранот.

Пофалба за моралот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, кој беше одраз на светлото на Објавата.

Куранот е извор на секоја убава морална карактеристика.

Моралот во исламот ја опфаќа целосно верата, со извршувањето на наредбите и избегнувањето на забранетото.

التصنيفات

Моралните карактеристики