Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков

Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков

Од Мугире, радијаллаху анху, се пренесува: „Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги соблечам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков‘ а потоа помина со прстите (потре) по нив.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, еднаш беше на пат, па почна да зема абдест. Кога требаше да си ги измие нозете, Мугира бин Шуба, радијаллаху анху, ги испружил рацете кон Пратеникот, алејхи селам, за да ги соблече обувките на нозете на Пратеникот, па тој да може да ги измие нозете. Но Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му рече: Остави ги и немој да ги собуваш, бидејќи јас ги облеков обувките (мествите) додека бев чист со абдест. Потоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, поминал со мокри прсти преку горниот дел на обувките, наместо да ги измие нозете.

فوائد الحديث

Пропишано е триењето/месхот на обувките кога земаме абдест после мала нечистотија, а што се однесува до големата нечистотија, тогаш мора да се измијат нозете.

Месх-поминување со внатрешноста на раката врз горниот дел на ногата, се прави еднаш со намокрена рака врз горниот, а не врз долниот дел на ногата.

Услов за да направиме месх на обувките е да имаме абдест и да бидеме потполно чисти кога ги облекуваме, да бидат и обувките чисти и да ги покриваат задолжителните делови на ногата, да ги избришеме само како замена на миењето нозе за абдест, а никако како замена во голема нечистотија (џунуб) или некоја друга ситуација која подразбира миење на нозете, исто така бришењето има ограничено времетраење според верозаконот а тоа е: еден ден и една ноќ за тој што не е на пат и три дена и ноќи за тој што е на пат (мусафир).

По аналогија на обувките, секој сличен вид кој ја покрива ногата, како на пример чорапа, може да се користи на ист начин и дозволено е да направиме месх врз нив.

Убавиот морал на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и методата која ја користеше да ги подучи другите, кога го спречи Мугире да му ги собуе обувките, а потоа му ја објаснил причината: дека тој ги облекол кога веќе бил чист, за да почуствува спокој и да го научи прописот.

التصنيفات

Едеби и прописи на патувањето, Месх врз местви (кожни чорапи) и слично