,Тоа е камен кој беше фрлен во Џехенемот пред седумдесет години и паѓаше сè до овој момент, кога конечно стигна до неговото дно.‘“

,Тоа е камен кој беше фрлен во Џехенемот пред седумдесет години и паѓаше сè до овој момент, кога конечно стигна до неговото дно.‘“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога одеднаш се слушна силен звук, како нешто да падна. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Знаете ли што беше тоа?‘ Одговоривме: ,Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат.‘ Тој рече: ,Тоа е камен кој беше фрлен во Џехенемот пред седумдесет години и паѓаше сè до овој момент, кога конечно стигна до неговото дно.‘“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, слушна вознемирувачки звук, сличен на оној при пад на некое тело. Тогаш ги праша асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, за тој звук, а тие одговорија со „Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат.“ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече дека овој звук што го слушнавте е од камен што беше фрлен од работ на Џехенемот пред седумдесет години. Тој непрекинато паѓаше и денес стигна до неговото дно, кога го слушнавте звукот.

فوائد الحديث

Хадиост поттикнува за постојана подготвеност за Судниот ден преку правењето добри дела и предупредува од Џехенемот.

Кога човек нема знаење за нешто, препорачливо е да го знаењето да му го припише на Аллах (така што ќе каже – Аллах најдобро знае).

Учителот треба да го разбуди интересот и вниманието на слушателите пред да објасни, за поуката да биде појасна и полесно разбирлива.

التصنيفات

Опис на Џенетот и Џехене