Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека…

Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник

Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече на Муаз ибн Џебел кога го испрати во Јемен: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти и чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах, нема превез.“

الشرح

Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го испрати Муаз ибн Џебел, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен како учител и повикувач во Аллаховата вера, му објасни дека ќе се соочи со народ кои се христијани, за да биде подготвен за нив и да го започне повикот постепено, според важноста на прописите. Прво, да ги повика да го корегираат нивното убедување; да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, бидејќи со тоа се влегува во исламот. Ако го прифатат тоа, да им нареди да го извршуваат намазот, бидејќи намазот е најголемата обврска по тевхидот - сведоштвото дека нема друг вистински бог освен Аллах. Ако го извршуваат намазот, да им нареди на богатите да издвојуваат зекат за сиромашните. Потоа, го предупреди да не го зема најдоброто од нивниот имот, бидејќи обврската е да се даде од средниот имот. И го советуваше да избегнува неправда, за да не го проколне угнетениот, бидејќи неговата дова е прифатена.

فوائد الحديث

Значењето на сведоштвото „Нема друг вистински бог освен Аллах“ е да се обожува само Аллах и да се отфрли обожувањето на сè друго покрај Него.

Значењето на сведоштвото „Мухамед е Аллахов пратеник“ е да се верува во него и во она со што е пратен и ни го доставил, и да се потврди дека тој е последниот Аллахов пратеник до човештвото.

Обраќањето кон учените и оние кои имаат сомнежи не е исто како обраќањето кон неуките; затоа Муаз беше претходно предупреден со зборовите: „Ќе дојдеш кај народ кои се следбеници на книгата.“

Важно е муслиманот да има јасно разбирање за својата вера за да ги избегне сомнежите на оние кои се борат против исламот со ширење сомнежи околу него, а тоа се постигнува со учењето на верата.

Верата на евреите и христијаните е дерогирана по доаѓањето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тие нема да бидат спасени на Судниот ден сè додека не влезат во исламот и не поверуваат во Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.