„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“

„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“

Од Ел-Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“ Потоа го цитираше ајетот: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Верникот ќе биде испрашуван во гробот од двајцата мелеци задолжени за оваа задача, наречени Мункир и Некир, како што се спомнува во бројни хадиси. Тогаш ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол дека ова е цврстиот/постојаниот збор за кој Аллах вели: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)

فوائد الحديث

Испитувањето во гробот е вистина.

Аллаховата милост кон верниците и на овој и на оној свет се огледа во тоа што ги зацврстува со цврсти и постојани зборови.

Вредноста на сведочењето за Аллаховото едноштво и смртта со такво уверување.

Аллах го зацврстува верникот на овој свет преку истрајноста во верата и следењето на правиот пат, во моментот на смртта со умирање во уверувањето за Аллаховото едноштво, и во гробот, при испитувањето од страна на мелеците.

التصنيفات

Задгробниот живот