إعدادات العرض
Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил
Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил
Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە සිංහල ไทย دری Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek Moore नेपाली Oromoo Wolof Soomaali Български Українська Azərbaycan bm ქართული Lingalaالشرح
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни објаснува дека сите дела ќе се вреднуваат според намерата, и таквиот пропис е општ и се однесува на сите дела било да се ибадети или меѓучовечки односи, тој што наумил со своето дело некоја корист нема да има друга награда освен таа корист и нема да добие никаков севап, а кој ќе науми со своето дело да му се приближи на Аллах Возвишениот, тогаш со тоа дело ќе добие награда дури ако се работи за некое вообичаено дело, како што е јадење или пиење. Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дал пример со кој го толкува влијанието на намерата во делата кои наизглед се идентични однадвор, ни појасни дека тој што наумил со својата преселба, оставајќи ја својата татковина, да го постигне задоволството на својот Господар, неговата хиџра ќе биде според според прописите и прифатена, ќе биде награден за неа заради искреноста во намерата, додека тој што наумил со својата преселба некоја овосветска корист: пари, углед, трговија или брак, тој со својата преселба ќе ја има само таа корист за која ја направил, и нема да биде награден со севапи.فوائد الحديث
Поттик за искреност, бидејќи Аллах нема да прими друго дело освен тоа кое е направено во Негово име.
Дела со кои се приближуваме кон Аллах Возвишениот, ако човекот ги направи како обичај, тогаш нема да има награда за тоа дело, се додека не науми со тоа дело да му се приближи на Аллах.
التصنيفات
Дела на срцето