إعدادات العرض
„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни
„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни
Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни. Тоа се оние кои се праведни во своите пресуди, кон нивните семејства и во она што им е дадено да управуваат.
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी සිංහල Kurdî Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە Hausa ไทย دری Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių or Română Kinyarwanda Српски O‘zbek Moore नेपाली Malagasy тоҷикӣ Oromoo Wolof Soomaali Български Українська Azərbaycan ქართული bm Lingalaالشرح
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира во овој хадис дека оние кои судат праведно, според вистината, меѓу луѓето кои се под нивна ингеренција и управување како и во нивните семејства, дека таквите ќе седат на возвишени места создадени од светлина. На овој начин Аллах ќе им искаже почит на Судниот ден. Овие возвишени места (минбер) ќе бидат од десната страна на Милостивиот и Возвишениот, а и двете Негови Раце се десни.فوائد الحديث
Вредност и поттик на праведност.
Праведноста генерално ги опфаќа сите положби на управување и судови помеѓу луѓето, па дури и праведноста помеѓу брачните другари, помеѓу децата и останатите.
Опис на положбата на праведните на Судниот ден.
Различни степени на верниците на Судниот ден, за секого според направените дела.
Методата на поттик е една од методите на исламското мисионерство, со која повикуваниот се поттикнува на добрина.
التصنيفات
Добри морални особини