إعدادات العرض
„Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро
„Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи и барај помош од Аллах во тоа, и не покажувајте немоќ. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە Tiếng Việt Kiswahili پښتو অসমীয়া دری Кыргызча or Malagasy नेपाली Čeština Oromoo Română Nederlands Soomaali മലയാളം తెలుగు ไทย Српски Kinyarwanda ಕನ್ನಡ Lietuvių Wolof Українська ქართული Moore Magyar Shqipالشرح
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни појаснува дека секој верник е добар и корисен. Меѓутоа, силен верник во поглед на верувањето, решителноста, имотната состојба и другите аспекти на сила е подобар и помил кај Аллах од послабиот верник. Пратеникот, алејхи селам, потоа ни објаснува дека верникот треба да го прави и да го преземе она што му користи на двата света, дека треба да се потпира на Аллах, Возвишениот, и да бара помош од Него. После тоа, ни забрани да бидеме мрзеливи, слаби и тромави кога треба да го правиме она што ни користи и во двата света. Кога верникот го прави она што е во негова моќ, според условите, и бара помош и секое добро од Аллах, не му останува ништо друго освен да се потпре на Него. Тој знае дека во секој случај, изборот на Аллах е најдобриот. А ако потоа му се случи некое искушение, немој да каже: „Ако јас направев вака, ќе се случеше вака.“ „Навистина, зборовите ,Ако јас‘ ја отвораат можноста за дејствување на шејтанот и претставуваат спротивставување на Аллаховиот кадер и жалење за она што поминало. Тој, со целосна предаденост и задоволство, треба да каже: Аллах така одредил и се случи како Тој сакаше.“ Што и да му се случи, ќе му се случи она кое го одредил Аллах. Тој прави што сака и никој не може да Му се спротивстави во Неговите одредби и прописи.فوائد الحديث
Луѓето се со различни степени на верувањето.
За пофалба е да се биде стабилен во правењето добри дела. Така многу повеќе може да постигнеме отколку со слабост.
Човекот треба да се труди да го прави она што ќе му користи и да го избегнува она што не му користи.
Должност на верникот е да бара помош од Аллах во сите работи, и да не се потпира само на себе.
Ние ја потврдуваме Аллаховата одредба-кадер и дека таа не се спротивставува на фактот дека треба да ги земеме предвид околностите и да се трудиме во постигнувањето на добрините.
Забрането е да се каже „Ако“ (Да беше) изразувајќи огорченост за искушението што го снашло човекот. Забрането е да имаме забелешка на Аллаховата одлука и одредба.