„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што…

„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“

Абдулах ибн Амр, радијаллаху анху, рекол: „Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, во една ситуација бил прашан за тоа кои се најдобрите дела во исламот. Тој ги спомнал следните две дела: Прво: Многу да се хранат сиромашните. Ова хранење опфаќа: милостина, подароци, нагостување и банкети. Особено е вредно да се нахранат гладните во ситуации на општа глад и економска криза. Второ: Да се поздрави со селам секој муслиман, без оглед дали го знаеме или не го познаваме.

فوائد الحديث

Асхабите инсистирале да ги дознаат делата/особините кои ќе им користат на овој и на идниот свет.

Поздравување со селам и хранењето се меѓу најдобрите дела во исламот, заради нивната вредност и постојаната потреба на луѓето за нив.

Правејќи ги овие две работи, се комплетира добродетелството со збор и дело, а тоа е најпотполното добродетелство (ихсан).

Овие две дела се однесуваат на меѓу-муслиманските односи. Од друга страна, имаме дела кои се поврзуваат со односот на човекот и неговиот Господар.

Поздравувањето со селам се однесува само на муслиманите. Не е пропишано неверникот првично да се поздравува се селам.

التصنيفات

Доблести и манири, Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез