„Кој ќе излезе од покорноста и ќе ја напушти заедницата, па умре, тој умрел со незнабошка/џахилиетска смрт

„Кој ќе излезе од покорноста и ќе ја напушти заедницата, па умре, тој умрел со незнабошка/џахилиетска смрт

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе излезе од покорноста и ќе ја напушти заедницата, па умре, тој умрел со незнабошка/џахилиетска смрт. Кој ќе се бори под знамето на слепиот фанатизам, се лути заради племенскиот фанатизам, или повикува на племенски фанатизам, или го поддржува племенскиот фанатизам, па ќе биде убиен – неговата смрт е џахилиетска смрт. И кој ќе се крене против мојот умет, удирајќи по праведните и грешните, без да се воздржи од верник, и не исполнувајќи го својот завет кон оној со кого има договор, тој не е од мене и јас не сум од него.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној кој ќе излезе од послушноста кон надлежните владетели, и ќе ја напушти заедницата на муслиманите кои се согласиле на заклетва на лојалност кон имамот, па умре во таква состојба на разидување и непослушност, тој ќе умре како што умираа луѓето во времето на џахилиетот, кои не му се покоруваа на ниту еден водач, ниту се држеа до една заедница, туку беа поделени во групи и племиња кои војуваа меѓу себе. - Пратеникот ﷺ известил дека оној кој ќе се бори под знамето со кое не е јасно разграничено што е вистина, а што заблуда – гневен само поради слепата приврзаност кон својот народ или племе, а не за поддршка на верата и вистината – па се бори воден од пристрасност, без доказ и знаење, па ако биде убиен во таква состојба, неговата смрт ќе биде како смртта во времето на џахилиетот. Тој исто така нè извести дека оној кој ќе се крене против неговиот умет, салаллаху алејхи ве селем, удирајќи и по праведните и по грешните, без да води грижа за своите постапки и без страв од казната, убивајќи верници и не почитувајќи ги договорите со неверниците или со надлежните властодршци, туку ги прекршува, тој прави голем грев. Кој ќе го стори ова, заслужил жестока опомена и казна.

فوائد الحديث

Послушноста кон надлежните владетели е задолжителна, освен во она што претставува непослушност односно грев кон Возвишениот Аллах.

Овој хадис содржи сериозно предупредување за оној кој ќе излезе од послушноста кон имамот и ќе ја напушти заедницата на муслиманите. Ако умре во таква состојба, ќе умре како луѓето од времето на џахилиетот.

Во хадисот се спомнува и забраната за борба водена од племенски или групен фанатизам.

Исполнувањето на заветите и договорите е задолжително.

Во послушноста и држењето кон заедницата има многу добрини, безбедност, смиреност и исправност на состојбите.

Забрането е имитирање на состојбите и однесувањата на луѓето од времето на џахилиетот.

Наредено е држењето кон заедницата на муслиманите.

التصنيفات

Побуна против владателот