,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“

,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“

Од Абдулах бин Хубејб, радијаллаху анху, е пренесено дека рекол: „Една дождлива и темна ноќ излеговме да го бараме Пратеникот, алејхи селам, да клања со нас, па кога го стигнав тој ми рече: ,Кажи.‘, а јас не кажав ништо, повторно ми рече: ,Кажи.‘, а јас пак не кажав ништо, тој повторно рече: ,Кажи.‘, па реков: ,Што да кажам?‘, а тој рече: ,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“

[صحيح] [رواه أبو داود والترمذي والنسائي]

الشرح

Еден примерен асхаб, Абдулах ибн Хубејб, радијаллаху анху, ни кажува дека излегол една темна и дождлива ноќ заедно со неколку асхаби. Го барале Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за да клања со нив, и го нашле, па Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му рекол: „Кажи“ т.е. рецитирај, а тој не кажувал ништо, Пратеникот ги повторил своите зборови, а Абдуллах го прашал: „Што да рецитирам, о, Аллахов пратенику?“ Пратеникот му рекол: „Рецитирај: Кул хуваллаху ехад и двете сури заштитнички (Кул еузу би раббил-фелек и Кул еузу би раббин-нас) навечер и наутро по трипати, тоа ќе те заштити од секое зло и лошотија.“

فوائد الحديث

Пофално е наутро и навечер да се читаат поглавјата Ихлас, Фелек и Нас. Со нивно читање се доаѓа до заштита од секакво зло.

Вредноста на читањето на поглавјата Ихлас, Фелек и Нас.

التصنيفات

Утрински и вечерни зикрови