„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

Ел-Бера – Аллах нека е задоволен со него – пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“

[صحيح بمجموع طرقه] [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека кога двајца муслимани ќе се сретнат – било на пат или на друго место – и ќе се поздрават со ракување, нивните гревови им се простуваат пред да се разделат, било со физичко оддалечување или со завршување на ракувањето.

فوائد الحديث

Препорачливоста на ракувањето при средба и поттикнување на таа пракса.

Ел-Мунави рекол: „Сунетот не се исполнува освен со ставање на десната дланка во десната дланка, освен ако за таквото непостапување не постои оправдана причина.“

Поттикнување на ширење на селамот и укажување на големата награда за ракување меѓу муслиманите.

Од хадисот се исклучува забранетото ракувањето, како што е ракувањето со жена што не е махрем.

التصنيفات

Вредностите на добрите дела, Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез