„Навистина, иманот ветвее во вашите срца како што се аби старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“

„Навистина, иманот ветвее во вашите срца како што се аби старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“

Абдулах бин Амр ибн ел Ас, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, иманот ветвее во вашите срца како што се аби старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека иманот се лити, избледува и слабее во срцето на муслиманот како што ветвее новата облека по долгото користење. Ова се случува поради намалување на посветеноста во ибадетите или поради правење гревови и тонењене во следењето на страстите. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè насочи да го молиме Возвишениот Аллах да го обнови нашиот иман преку извршување на пропишаните ибадети, честото спомнување на Аллах и барањето прошка.

فوائد الحديث

Тој нè поттикнува да го молиме Аллах за постојаност во верата и за обновување на иманот во срцата.

Иманот се состои од говор, дело и верување во срцето; се зголемува со покорност, а се намалува со грешење.