إعدادات العرض
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Oromoo Wolof Soomaali Français Azərbaycan Tagalog Українська bm தமிழ் Deutsch ქართული Português Magyar فارسی Lingala Русский 中文الشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека еден од големите предзнаци на Часот е кога Сонцето ќе изгрее од запад наместо од исток. Кога луѓето ќе го видат тоа, сите ќе поверуваат, но во тој момент, на неверникот нема да му користи верувањето, ниту добрите дела, ниту покајанието. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така, известува дека Часот ќе настапи ненадејно, додека луѓето се занимаваат со своите секојдневни активности. Часот ќе настапи во време додека продавачот и купувачот ги изложуваат алиштата за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту да повторно ги соберат. Часот ќе настапи додека човекот го земе (измолзе) млекото од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи додека човекот го поправа својот базен/резервоар и го полни со вода, но нема да успее да го наполни. Часот ќе настапи додека човекот ја подига својата храна кон устата, но нема да успее да ја изеде.فوائد الحديث
Исламот и покајанието се прифатени сѐ додека Сонцето не изгрее од запад.
Поттик за подготовка за Часот со иман и чинење добри дела, бидејќи Часот ќе настапи ненадејно.