إعدادات العرض
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“
Од Зијад бин Лебид, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“ Јас реков: „О, Божји Пратенику, како може знаењето да исчезне кога го читаме Куранот и ги учиме нашите деца, а нашите деца ќе ги учат своите деца, сè до Судниот ден?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тешко тебе, Зијад! Сметав дека си еден од најразумните луѓе во Медина. Зарем не гледаш дека евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, а не постапуваат според ништо од тоа што е напишано во нив?!“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Wolof Soomaali Français Oromoo Azərbaycan Tagalog Українська mr தமிழ் bm Deutsch ka Portuguêsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека седеше со своите асхаби, објаснувајќи им некои работи рече: „Ова е времето кога знаењето ќе биде одземено и загубено за луѓето.“ Зијад бин Лебид, Аллах нека е задоволен со него, се зачуди и го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Како може знаењето да исчезне и да се изгуби од нас, кога го читаме Куранот и го учиме напамет, и ние исто така ги подучуваме другите, ги подучуваме нашите жени, нашите деца, а нашите деца исто така ќе ги подучуваат своите деца?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го укори Зијад и му рече дека го сметал за еден од најразумните луѓе во Медина.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека исчезнувањето на знаењето нема да се случи со исчезнување на Куранот, туку вистинското исчезнување бива кога нема да се работи според она што го налага Куранот. Како што и евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, и покрај тоа не им користи и немаат корист од тие учења, бидејќи не работат според нив.فوائد الحديث
Присуството на мусхафите и книгите во рацете на луѓето нема да им користи ако не постапуваат според нив.
Губењето на знаењето се случува на неколку начини: Со смртта на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со смртта на учените и со занемарувањето на работењето според тоа знаење.
Еден од предзнаците на Судниот ден е исчезнувањето на знаењето и занемарувањето на работењето според него.
Поттик за работење според знаењето, бидејќи тоа е она што се бара од верниците.