Оди кај него и кажи му: Ти не си од жителите на Џехенемот, туку си од жителите на Џенетот.‘“

Оди кај него и кажи му: Ти не си од жителите на Џехенемот, туку си од жителите на Џенетот.‘“

Енес ибн Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот ﷺ го забележал отсуството на Сабит ибн Кајс, па прашал за него. Еден човек рекол: „,О Аллахов Пратенику, јас ќе ти донесам вести за него.‘ Отишол кај него и го нашол како седи во својот дом со наведната глава. Го прашал: ,Што ти е?‘ Тој одговорил: ,Зло!‘ Го кревал својот глас над гласот на Пратеникот ﷺ, и поради тоа (мислел дека) неговите дела се поништени и дека тој е од жителите на Џехенемот.‘ Човекот се врати и му го пренесе тоа на Пратеникот ﷺ, а потоа повторно се врати со голема радосна вест. Пратеникот ﷺ му рекол: ,Оди кај него и кажи му: Ти не си од жителите на Џехенемот, туку си од жителите на Џенетот.‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот ﷺ го забележал отсуството на Сабит ибн Кајс, радијаллаху анху, и прашал за него. Еден човек рекол: „Јас ќе ти донесам вести за него и за причината зошто не доаѓа.“ Отиде кај него и го најде тажен, со наведната глава, седејќи во својот дом. Го праша: „Што ти е?“ Сабит му одговори дека е во тешка состојба – бил вознемирен и преплашен затоа што понекогаш го кревал својот глас над гласот на Пратеникот ﷺ, а Аллах го опоменува во објавата дека делата на оној кој го возвишува својот глас над гласот на Пратеникот може да бидат поништени и дека таквиот е спаѓа кај жителите на Џехенемот. Човекот се вратил кај Пратеникот ﷺ и му го пренел тоа што го слушнал. Пратеникот ﷺ му наредил да се врати кај Сабит и да го извести со радосна вест, дека тој не е од жителите на Џехенемот, туку дека е од жителите на Џенетот.“ Тоа беше затоа што неговиот глас по природа беше висок, (а не од непочит или намерно подигнување над гласот на Пратеникот ﷺ.) Тој, всушност, беше говорникот на Пратеникот ﷺ и говорник на енсариите.

فوائد الحديث

Појаснување на големата доблест на Сабит ибн Кајс, радијаллаху анху, и јасна потврда дека тој е од жителите на Џенетот.

Грижата на Пратеникот ﷺ за асхабите и неговото распрашување за нив.

Стравопочитта на асхабите и нивниот страв дека нивните дела може да бидат поништени.

Обврската за почит и убав однос при обраќањето кон Пратеникот ﷺ за време на неговиот живот, и спуштањето на гласот при слушање на неговиот Сунет по неговата смрт.

التصنيفات

Вредноста на асхабите, Аллах нека е задоволен со нив