إعدادات العرض
„Возвишениот Аллах, на Судниот ден ќе му каже на оној со најлесна казна од жителите на Огнот: ,Доколку би го поседувал сето она што е на Земјата, дали би го дал за да…
„Возвишениот Аллах, на Судниот ден ќе му каже на оној со најлесна казна од жителите на Огнот: ,Доколку би го поседувал сето она што е на Земјата, дали би го дал за да се откупиш од оваа казна?‘ Тој ќе одговори: ,Да.‘
Од Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах, на Судниот ден ќе му каже на оној со најлесна казна од жителите на Огнот: ,Доколку би го поседувал сето она што е на Земјата, дали би го дал за да се откупиш од оваа казна?‘ Тој ќе одговори: ,Да.‘ Тогаш Аллах ќе му рече: ,Барав од тебе нешто многу полесно додека беше во рбетот на Адем: да не Ми припишуваш никакви здруженици. Но, ти одби и Ми припишуваше здруженици.‘“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt Hausa Kurdî Português සිංහල অসমীয়া Kiswahili አማርኛ ગુજરાતી Nederlands پښتو नेपाली ไทย മലയാളം Кыргызча Română Malagasy Svenska తెలుగు Српски ქართული Moore Magyarالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известил дека Возвишениот Аллах ќе му рече на оној со најлесна казна во Огнот, откако ќе влезе во него: „Доколку би го поседувал целиот свет и сè што е на него, дали би го дал во замена да се откупиш од оваа казна?“ Тој ќе одговори: „Да.“ Аллах тогаш ќе му рече: „Ти побарав и ти наредив нешто многу полесно од тоа кога го зедов заветот од тебе додека беше во рбетот на Адем: да не Ми припишуваш никакви здруженици. Но, ти одби, и откако те создадов и те испратив на Земјата, Ми припишуваше здруженици.“فوائد الحديث
Вредноста на тевхидот и леснотијата на неговото практикување.
Опасноста од ширкот и неговите последици.
Аллах го зел заветот од потомците на Адем додека беа во неговиот рбет, дека нема да Му припишуваат здруженици.
Предупредување од ширкот, бидејќи дури и кога неверникот би го поседувал целиот свет, тоа нема да му помогне на Судниот ден да се откупи од вечната казна.
التصنيفات
Тевхид улухијје- тевхид на обожување