إعدادات العرض
Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го…
Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го повторил абдестот, а потоа клањал
Џабир, радијаллаху анху, рекол: Омер бин Хатаб ме извести дека: Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го повторил абдестот, а потоа клањал.
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt Kurdî Português සිංහල Svenska ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá ئۇيغۇرچە Hausa Kiswahili پښتو অসমীয়া دری Malagasy or Čeština नेपाली Oromoo Română Nederlands Soomaali తెలుగు Српски ไทย മലയാളം Kinyarwanda Кыргызча ಕನ್ನಡ Wolof Magyar ქართული Moore Українськаالشرح
Омер, радијаллаху анху, нè известил дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забележал дека еден човек, откако земал абдест, не измил површина со големина на ноктот на ногата, па му рекол, укажувајќи му на пропуштеното: „Врати се назад и дополни го абдестот. Водата нека го намокри секој дел од телото како што треба.“ Човекот се вратил и земал потполн абдест, па потоа го клањал намазот.فوائد الحديث
Наредбата кон доброто и упатувањето на неуките и невнимателните не треба да се одложува, особено ако нивните постапки ќе бидат причина да не им се признае/прими ибадетот.
Обврска е водата да ги намокри сите делови од телото кои се мијат при абдест. Кој ќе остави дури и мал дел од телото неизмиен, абдестот не му е валиден и ќе мора повторно да го земе ако поминало долго време.
Обврска е правилно да земеме абдест, така што потполно ќе ги извршиме постапките на абдестот како што ни е наредено со исламските прописи.
Стапалата се делот кој се мие при земањето абдест и не е доволно да ги поминеме со влажна дланка-месх, туку мора се измијат.
Не смее да помине долго време помеѓу миење на два дела од телото, така што ќе го измиеме следниот дел на телото пред да се исуши претходниот дел на телото кој го миевме.
Незнаењето или заборавањето не се причината да изоставиме некоја обврска, тие се причината да немаме грев за тоа, па така овој човек кој не замал абдест прописно заради незнаењето, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, не му дозволил да ја изостави обврската која ја имал, а тоа е абдестот, туку му наредил да го повтори.
التصنيفات
Темели на абдестот