,Почекај да помине периодот на менструацијата и потоа избањај се

,Почекај да помине периодот на менструацијата и потоа избањај се

Од Аиша, мајката на верниците, радијаллаху анха, пренесено е дека кажала: „Уму Хабиба бинт Џахш, сопругата на Абдур-Рахман бин Авф, му се пожалила на Аллаховиот Пратеник за крвта што излегувала од неа, па тој ѝ рекол: ,Почекај да помине периодот на менструацијата и потоа избањај се.‘ Таа, после тоа, се бањаше за секој намаз.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Асхабијката му се пожалила на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, за постојаното крварење што го имала. Пратеникот ѝ наредил да не клања намаз сè додека ѝ трае менструацијата, а пред да започне нејзиното неправилно крварење. Кога ќе помине тој период, нека се избања и може да клања. И покрај тоа таа доброволно се бањала за секој намаз.

فوائد الحديث

Истихаза е кога кај жената продолжува да тече крв откако ќе ѝ заврши вообичаениот месечен циклус.

Жената која има истихаза ќе се третира како да има месечен циклус во периодот во кој вообичаено има менструација, а пред да ѝ се појави продолженото крварење.

Кога ќе заврши периодот на менструацијата, таа жена ќе се третира како чиста, ќе се избања, без оглед на невообичаената крв што ѝ се појавува.

Жената која има истихаза не е должна да се бања за секој намаз. Уму Хабиба така постапила од нејзина добра волја, а да беше задолжително, Аллаховиот пратеник тоа ќе ѝ го објаснеше.

Жената која има истихаза мора да зема абдест за секој намаз, бидејќи постојано ѝ се појавува она што го расипува абдестот. Ова правило важи и за оние кои имаат континуирано и неконтролирано испуштање урина, гасови.

Неопходно е да се прашаат учените за религиозните прашања. Оваа жена се обратила кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во врска со непрестаното крварење што го имала.

التصنيفات

Менструален циклус, постпородилен период и истихаза