„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените

„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените

Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените, навистина првото искушение на синовите Израилови дојде од жените."

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни го опишува овој свет како нешто со сладок вкус и чиј изглед е зелен и привлечен. Поради ова, човекот може да биде измамен од овој свет и да му посвети најголемо внимание. Пратеникот потоа ни укажува на фактот дека Аллах, Возвишниот, дава да живееме едни по други, за да види како ќе постапуваме и дали ќе Му бидеме послушни или грешни. Потоа нè предупреди да не се залажуваме со убавините на овој свет, таквите украси ќе го наведат човекот да не го прави она што Возвишениот Аллах му наредил и да го прави она што Тој му го забранил. А најмногу треба да внимаваме од пороците на овој свет: искушението со жените и дека тоа искушение беше првото кое му се случи на Бену Исраил.

فوائد الحديث

Поттик кон страв од Бога и да не се преокупираме со овосветските украси и убавини.

Предупредување на искушението со жените, било да се работи за поглед, или дозвола на мешани собири со мажи кои не се махрем, или слично на тоа.

Искушението на жените е едно од најголемите искушенија на овој свет.

Земањето поука и совет од поранешните народи, бидејќи тоа што му се случило на народот Бену Исраил може да му се случи и на некој друг.

Дури и сопругата може да биде искушение за мажот така што ќе го оптоварува со материјални трошоци што тој не може да ги поднесе и кои ќе го оддалечат од верата. Што се однесува до жена-туѓинец, таа може да биде искушение за мажот со тоа што ќе го заведе, и без потреба ќе се меша во друштво меѓу мажите, особено ако е со оскудна облека. Сето ова постепено може да доведе и до блуд. Затоа, верникот мора да побара засолниште кај Алах и да тежнее да биде спасен од ова искушение.

التصنيفات

Прописи поврзани со жените, Осудување на љубовта кон овој свет