„Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед…

„Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед на магаре?!“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед на магаре?!“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни ја објаснил големата закана која се однесува на оној што ќе ја крене главата пред да го направи тоа имамот. Аллах може да му ја претвори главата во глава на магаре или да му го искриви изгледот и да изгледа како магаре.

فوائد الحديث

Тој што клања зад имамот може да се најде во четири состојби, од кои три се забранети, а тие се: да побрзаме пред имамот, паралелно да ги правиме движењата, и да клањаме одложено. Пропишано е да се следи имамот.

Обврска на оној што клања зад имамот е да го следи имамот во движењето во намазот.

Заканата дека ќе му биде променет изгледот на тој што ја подига главата пред да ја подигне имамот, во изглед на магаре е од можен карактер.

التصنيفات

Прописи поврзани со имамот и муктедијата