„Кога некој од вас ќе види сон што му се допаѓа, нека знае дека е од Аллах, па нека Му заблагодари на Аллах и нека го раскаже. А ако види нешто што го вознемирува, тоа е…

„Кога некој од вас ќе види сон што му се допаѓа, нека знае дека е од Аллах, па нека Му заблагодари на Аллах и нека го раскаже. А ако види нешто што го вознемирува, тоа е од шејтанот, па нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло и нека не го спомнува никому, тогаш нема да му наштети.“

Од Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога некој од вас ќе види сон што му се допаѓа, нека знае дека е од Аллах, па нека Му заблагодари на Аллах и нека го раскаже. А ако види нешто што го вознемирува, тоа е од шејтанот, па нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло и нека не го спомнува никому, тогаш нема да му наштети.“

[صحيح] [رواه البخاري]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека добриот и радосниот сон е од Аллах и препорачал човекот да Му заблагодари и да го раскаже. А ако види нешто непријатно или вознемирувачко, тоа е од шејтанот, па нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло и нека не му го спомнува никому, бидејќи така нема да му наштети. Аллах одредил воздржувањето од раскажување на таквите соништа да биде причина за заштита од нивната штетност.

فوائد الحديث

Видови соништа:

1. Добриот сон – вистински сон и радосна вест од Аллах, што човекот самиот го сонува или што некој друг го сонува за него.

2. Сон како последица на мислите на човекот – одраз на она за што размислувал додека бил буден.

3. Сон со кој шејтанот сака да го растажи и исплаши синот на Адем – вознемирувачки и страшни призори што имаат за цел да му предизвикаат страв и тага.

Од кажаното за добрите соништа произлегуваат три упатства:

1. Да Му се заблагодари на Аллах.

2. Да се израдува на него.

3. Да го раскаже, но само на оној што го сака, а не на оној што не го сака.

Од кажаното за непријатните соништа произлегуваат пет упатства:

1. Да побара прибежиште кај Аллах од нивното зло.

2. Да побара прибежиште кај Аллах од шејтанот.

3. Кога ќе се разбуди, трипати (суво и формално) да плукне на левата страна.

4. Да не го спомнува сонот никому.

5. Ако сака да продолжи да спие, да ја смени страната на која бил легнат – тогаш нема да му наштети.

Ибн Хаџер рекол:

„Мудроста во тоа, ако човекот му го раскаже убавиот сон на оној што не го сака, е тоа што тој може да му го протолкува на начин што не му се допаѓа – било од омраза, или од завист – па може да се случи токму така како што го протолкувал или самиот да си предизвика тага и грижа. Затоа му е наредено да не го раскажува на оној што не го сака.“

Благодарноста за благодатите и убавите нешта е причина за нивното траење.

التصنيفات

Едеби на сонувањето