إعدادات العرض
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
[صحيح] [متفق عليه]
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Kurdî Hausa Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ Deutsch 日本語 پښتو Tiếng Việt অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە සිංහල ไทย دری Akan Azərbaycan Български Fulfulde Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy नेपाली or Română Kinyarwanda тоҷикӣ O‘zbek Moore Wolof Oromoo Српски Soomaali bm Українська rn km ქართული Lingalaالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му наредил на својот умет (заедница на верници) да се оддалечи од седумте упропастувачки гревови и злодела. Кога беше прашан за истите, тој ги објаснил: 1. Многубоштвото (ширкот) - да се смета некој за еднаков или истоветен со Аллах и да се извршува било каков вид на обожување кон некој друг освен кон Аллах. Овој грев го спомнува како прв бидејќи е најголемиот грев. 2. Магијата (сихрот) - која се состои од врзување чворови, нејасни учења и изговарање одредени неразбирливи зборови и дување, така што негативно влијае врз телото на омаѓосаниот, предизвикувајќи смрт, болест, или разделување помеѓу сопружниците. Ова е шејтанско дело и многу од него не може да се постигне освен преку многубоштвото и приближувањето кон злите духови со нешто што тие го сакаат. 3. Неправедното убиство кое Аллах го забранил, освен со законска причина која има право да ја спроведе само владетелот. 4. Земањето камата - било преку јадење или на друг начин на користење. 5. Узурпирање на имотот на сиракот чиј татко умрел додека тој сè уште не бил полнолетен. 6. Дезертирањето од бојното поле при битка со неверниците. 7. Клеветењето на чесните и чедните вернички за прељуба, вклучувајќи го и клеветењето на мажите.فوائد الحديث
Големите гревови не се ограничени само на овие седум, туку овие се посебно издвоени поради нивната големина и опасност.
Смртната казна е дозволена ако е со право, како одмазда, отпадништво или прељуба по брак, и има право да ја спроведе само легитимниот владетел.