„Кога некој од вас ќе го сретне својот брат, нека го поздрави, и ако меѓу нив се испречи дрво, ѕид или камен и пак го сретне, повторно нека го поздрави.“

„Кога некој од вас ќе го сретне својот брат, нека го поздрави, и ако меѓу нив се испречи дрво, ѕид или камен и пак го сретне, повторно нека го поздрави.“

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, е пренесено дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кога некој од вас ќе го сретне својот брат, нека го поздрави, и ако меѓу нив се испречи дрво, ѕид или камен и пак го сретне, повторно нека го поздрави.“

[صحيح] [رواه أبو داود]

الشرح

Пратеникот, алејхи селам, го поттикнува муслиманот секогаш кога ќе го сретне својот брат муслиман да го поздрави со селам, дури и ако шетаат заедно и се појави преграда меѓу нив, како дрво, ѕид или голем камен, а потоа повторно го здогледа, повторно ќе го поздрави.

فوائد الحديث

Пофално е да се поздравиме со селам и истиот да го повториме доколку се промени состојбата.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се грижеше да го прошири Сунетот на поздравување со селам и го повторуваше тоа, бидејќи таа пракса предизвикува љубов и блискост меѓу муслиманите.

Селам е да се каже: Есселаму алејкум (мир на вас) или Есселаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху (Божјиот мир, милост и благослов нека бидат врз вас), покрај ракувањето кое се случува при првата средба.

Селам е вид на молитва, а муслиманите имаат потреба да се молат еден за друг и тоа често да го повторуваат.

التصنيفات

Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез