Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги…

Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги пропишаните намази, дај го задолжителниот зекат и пости го месецот рамазан!‘

Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува: Еден бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и му рекол: „,Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги пропишаните намази, дај го задолжителниот зекат и пости го месецот рамазан!‘ ,Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, ништо нема да додадам на ова.‘, одговорил човекот. Кога заминал, Аллаховиот Пратеник им рекол на асхабите: ,Кој сака да види човек од жителите на џенетот, нека погледне во овој (бедуин).‘“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Некој бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за да го поучи на дело кое би го внело во Џенет. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, му одговорил дека влегувањето во Џенет и спас од Џехенемот зависи од извршувањето на основите на исламот. Неопходно е да се обожува само Аллах и никој друг и не смее да му се припишува здруженик. Треба да клања петпати намазот со кој Аллах ги обврзал Своите робови, во текот на денот и ноќта. Да го дава зекатот на имотот, со кој Аллах го задолжил, и да им го даде на тие за кои е наменет. Да го пости месецот рамазан во неговото одредено време. Човекот потоа рекол: Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, нема да додадам доброволни дела на овие задолжителни дела, ниту ќе намалам нешто од нив. Кога се свртел и отишол, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кој сака да има среќа и да види човек кој ќе биде во Џенетот, нека го погледне овој бедуин.“

فوائد الحديث

Аллаховиот монотеизам во извршување на богоугодни дела, е првото со кое треба да се започне во повикувањето кон Аллах.

Доволно е, на нововлезените во исламот, да им ги научиме основните обврски.

Повикот кон Аллах. Возвишениот, мора да биде чекор по чекор, постепено.

Човекот треба да настојува секогаш да научи некои работи од верата.

Доколку муслиманот се ограничи и ги извршува задолжителните обврски, ќе се спаси, но тоа не значи дозвола за попуштање во доброволните работи, бидејќи тие ги пополнуваат недостатоците кои ги направивме додека ги извршувавме облигаторните дела.

Спомнувањето на некои богоугодни дела е доказ за нивната важност и дека треба да ги извршиме, но тоа не значи дека нема други обврски.

التصنيفات

Едеби на учителот и ученикот