„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости…

„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“

Од Ебу Сеид ел Худри и од Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни објаснува дека болестите, тагите, грижите, гладот, стравот и другите тешкотии кои го погаѓаат верникот, па дури и трнот што ќе го боцне – сето тоа ќе биде причина за простување на гревовите што ги направил.

فوائد الحديث

Појаснување на Аллаховите благодати и милоста кон Неговите робови верници. Дури и за најмалите тешкотии што ќе ги доживеат ќе им бидат простени гревовите.

Муслиманот треба да се надева на наградата од Аллах за тешкотиите низ кои поминува и да покаже трпение и при малите и при големите искушенија за да му се простат гревовите и да се искачи повисоко на степените на верување.

التصنيفات

Вредноста на тевхидот