„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“

„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“

Од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“

[صحيح] [رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد]

الشرح

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни дава поттик да се потпираме врз Аллах Возвишениот, било да се работи за добивање на некаква корист или за отстранување на некаква штета, било да се овосветски или верски работи, бидејќи никој, освен Него Возвишениот не може да ни даде или да не лиши од нешто, да ни наштети или да ни даде некаква корист. И да ги земеме предвид причините според кои ќе добиеме некаква корист или ќе отстраниме штета, притоа искрено потпирајќи се врз Аллах. Секогаш кога вака ќе направиме, Аллах ќе нѐ снабдува како што тоа го прави со птицата која наутро одлетува гладна, а потоа долетува ноќе со полн стомак. Оваа постапка на птицата е вид на земање предвид на причините со кои го бараме снабдувањето, а не со мрзеливост и рамнодушност.

فوائد الحديث

Вредноста на потпирањето, таа е најголемата причина со која се привлекува снабдувањето.

Потпирањето не го анулира работењето како причина, бидејќи тој не извести дека вистинското потпирање не е без утринското излегување барајќи снабдување со работа.

Грижа на исламското законодавство за делата кои произлегуваат од срцето, бидејќи потпирањето врз Бог/Аллах е внатрешно дело.

Да се потпираме само врз причините е недостаток во верата, а занемарувањето на причините е недостаток на разум.

التصنيفات

Вредностите на делата на срцето