إعدادات العرض
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“.
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी Hausa Kurdî Português සිංහල Nederlands অসমীয়া Tiếng Việt Kiswahili ગુજરાતી پښتو አማርኛ Oromoo ไทย Română മലയാളം Deutsch नेपाली Shqip Кыргызча ქართული Moore Magyar తెలుగు Svenskaالشرح
Пратеникот, алејхи селам, забранил поздравување со „селам“ кон евреите и христијаните, дури и ако тие имаат заштитен статус – зиммиј, а уште помалку кон другите неверници. Тој, алејхи селам, објаснил дека ако сретнеме некој од нив на патот, да го принудиме кон потесниот дел од патот. Верник е тој што оди насред пат, а неверникот оди настрана. Муслиманот никогаш не смее да биде понижуван, под никакви околности.فوائد الحديث
Не е дозволено муслиманот прв да поздрави евреин, христијанин или друг неверник со исламскиот поздрав.
Дозволено е да се возврати на нивните поздрави ако тие први поздрават, така што ќе кажеме: „И на вас.“.
Не е дозволено муслиманот намерно да му наштети на немуслиман со тоа што намерно ќе му ги отежнува работите без оправдување. Да го принуди кон најтесниот пат; Но, ако патот е тесен или преполн, муслиманот има повеќе право на него, а неверникот ќе му го отстапи.
Покажување на гордоста на муслиманите и подредена положба на другите, без неправда или вулгарност во говорот.
Стеснување на патот за неверниците е поради нивното неверување во Семоќниот Аллах, и тоа може да биде причината за нивното преминување во исламот. Ќе се спасат од Огинот, доколку ја дознаат причината.