„Не е од нас, тој што го удира своето лице, што ја кине облеката и што изговара зборови од времето на џахилиетот (предисламското време).“

„Не е од нас, тој што го удира своето лице, што ја кине облеката и што изговара зборови од времето на џахилиетот (предисламското време).“

Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не е од нас, тој што го удира своето лице, што ја кине облеката и што изговара зборови од времето на џахилиетот (предисламското време).“.

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, забранил и предупредил на некои од постапките на луѓето од времето на неверството, велејќи: Тој не е од нас. Прво: Кој се удира по образите, а тој го прецизирал образот затоа што тоа е вообичаено, инаку удирањето на остатокот од лицето е исто така вклучено во забраната. Второ: Кинење на облеката, поточно отворот низ кој ја протнуваме главата кога ја облекуваме. Трето: Говор на луѓето од времето на неверство, како што е повикување за пропаст, уништување, лелекање, оплакување и други.

فوائد الحديث

Оваа закана во хадисот укажува дека овие дела се сметаат за големи гревови.

Обврска е да се биде трпелив во искушение и забрането е да се биде незадоволен од тешкотиите на Аллаховиот кадер-предодредба и тоа да се изразува преку плачење, оплакување, бричење на главата, кинење на облека или било што друго.

Забрана за имитирање на предисламските практики кои не се одобрени од шеријатот.

Нема ништо лошо во тоа да се тагува и заплаче, бидејќи тоа не е во спротивност со трпението кога ќе не снајде она што Аллах ни го одредил. Напротив, тоа е сомилост која Аллах ја всадил во срцата на роднините и најблиските.

Муслиманот мора да биде задоволен со Аллаховата одредба, а ако не е задоволен, тогаш мора да биде трпелив.

التصنيفات

Прашања поврзани со џахилијетот (предисламски период)