„Кој ќе го клања сабах намазот, ќе биде под Аллахова заштита

„Кој ќе го клања сабах намазот, ќе биде под Аллахова заштита

Џундуб бин Абдулах ел Касриј, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салалаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го клања сабах намазот, ќе биде под Аллахова заштита, и немојте таа заштита од Аллах да ја проневерите, бидејќи тој што Аллах ќе го побара да одговара за таа проневера сигурно ќе го пронајде, а потоа ќе го фрли со лицето во џехенемскиот оган.“

[صحيح] [رواه مسلم]

الشرح

Аллаховиот пратеник, Аллаховиот спас нека е над него, нѐ известил дека тој што ќе го клања сабах намазот ќе биде под Аллаховата заштита, Тој ќе го чува и брани, и ќе му биде напомош. После тоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нè предупредува да не ја загубиме заштитата, со тоа што нема да го клањаме сабах намазот, или ќе ги вознемируваме оние што го клањаат. Таквиот ја поништил претходната блискост, и заслужил тешка казна: Аллах да побара одговорност за запоставувањето на Неговите права, а кого Аллах ќе го побара има и да го најде, а потоа ќе го фрли со лицето надоле во Огнот.

فوائد الحديث

Важноста и вредноста на утринската молитва.

Големо предупредување ако некој го спречи или му наштети на оној кој клања сабах намаз.

Возвишениот Аллах ќе му се одмазди на оној кој ги вознемирува Неговите добри робови.

التصنيفات

Вредноста на намазот