„Грижете се за Куранот, бидејќи, се колнам во Оној во чии Раце е душата на Мухамед, тој побргу бега (од помнењето) од камилата кога не е врзана.“

„Грижете се за Куранот, бидејќи, се колнам во Оној во чии Раце е душата на Мухамед, тој побргу бега (од помнењето) од камилата кога не е врзана.“

Ебу Муса, Ел Ешари, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Грижете се за Куранот, бидејќи, се колнам во Оној во чии Раце е душата на Мухамед, тој побргу бега (од помнењето) од камилата кога не е врзана.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни наредува да го повторуваме Куранот и редовно да го читаме за да не го заборавиме, откако претходно го имаме научено. Пратеникот дополнително го нагласил ова со заклетва дека Куранот се заборава и не се помни побргу од камилата која не е врзана. Имено, ако човекот ја врзе камилата, ќе ја чува, а ако не ја врзе добро, таа ќе стане и ќе избега.

فوائد الحديث

Ако тој што го научил Куранот напамет постојано го рецитира едно по друго, ќе му остане запомнат во срцето, во спротивно ќе се оддалечи од него и тој ќе го заборави.

Користа која ја имаме од редовното повторување на Куранот е наградата, севапот и високиот степен на Судниот ден.

التصنيفات

Вредноста на грижата за Куранот