إعدادات العرض
Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“
Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“
Абдулах бин Амр бин Ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: ,Дали постиш секој ден и стануваш за ноќен намаз?‘ Реков: ,Да.‘ Тој рече: ;Ако продолжиш со тоа, очите ќе ти ослабат, а душата ќе се измори. Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“ Реков: „Можам повеќе од тоа.‘ Па рече: ,Тогаш пости го постот на Давуд, алејхи селам – тој еден ден постеше, а еден ден не постеше, и никогаш не се повлекуваше кога ќе се соочеше со непријателот.‘“
الترجمة
العربية Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Türkçe اردو 中文 हिन्दी ئۇيغۇرچە Hausa Kurdî Português සිංහල Kiswahili অসমীয়া Tiếng Việt ગુજરાતી Nederlands മലയാളം Română Magyar ქართული Moore ไทยالشرح
До Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стигнала вест дека Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, постел непрекинато во текот на целата година и ја поминувал целата ноќ во намаз, без да спие. Поради тоа, Пратеникот му го забранил тоа и му рекол: „Пости, но и прекинувај со постот; станувај за ноќен намаз, но и спиј.“ Потоа му забранил да пости секој ден и да ја поминува целата ноќ во ибадет, и му појаснил: „Ако продолжиш така, очите ќе ти ослабат и ќе се вдлабочат, а душата ќе се измори и ќе се истроши." Оној што пости секој ден – како да не постел – затоа што не ја добива наградата поради прекршувањето на забраната, а во исто време не се одмара. Потоа му дал совет да пости три дена месечно, и рекол дека тоа е еднакво на постење цела година – затоа што секое добро дело се наградува десеткратно, што е најниската мера на награда. Но Абдулах рекол: „Можам повеќе од тоа.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во тој случај, пости го постот на Давуд, алејхи селам – тоа е најдобриот пост. Тој постел еден ден, а следниот ден не постел, и никогаш не се повлекувал кога ќе се соочел со непријателот“ – бидејќи ваквиот начин на постење не му ја ослабувал силата и издржливоста.فوائد الحديث
Постењето три дена секој месец се смета како постење цела година, бидејќи секое добро дело се наградува десеткратно. Така, три дена се пресметуваат како триесет – што е еднакво на цел месец пост, а тоа за дванаесет месеци е цела година.
Една од методите на повикување кон Аллах е поттикнувањето на добри дела преку истакнување на нивната награда и вредноста на истрајноста во нив.
Ел-Хатаби рекол: „Суштината на случајот со Абдулах бин Амр е во тоа што Аллах не го задолжил Својот роб исклучиво со пост, туку со различни видови ибадет. Ако целосно се исцрпи со пост, ќе ги занемари другите облици на ибадет. Затоа е подобро да биде умерен, за да му остане сила и за другите обврски. На ова укажуваат и зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Давуд, алејхи селам: ,И не се повлекуваше кога ќе се соочеше со непријателот,‘ – бидејќи му останувала сила за џихад благодарение на деновите кога не постел.“
Забрането е претерувањето и оптоварувањето себеси во ибадетот – вистинското добро е во умереноста и придржувањето кон Сунетот.
Според мнозинството учени авторитети, постењето секој ден е непожелно, а станува забрането ако човекот си нанесува штета, се оптоварува себеси, го одбива Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и верува дека некој друг начин е подобар од него.
التصنيفات
Доброволен пост