„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“

„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“

Од Ибн Месуд, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè информира дека оној што ќе ги прочита последните два ајета од сурата Ел Бекаре ноќе, Аллах, Возвишениот, ќе го заштити од секакво зло. Кажано е: Овие два ајета ќе можат да го заменат ноќниот намаз, или другиот зикр, или ќе ја исполнат минималната мерка потребна за читање Куран во текот на ноќта. А има и други мислења. Можно е сите овие ставови да се точни бидејќи изразот во хадисот е воопштен.

فوائد الحديث

Вредноста на последните ајети на сурата Бекаре, кои почнуваат со зборовите на Возвишениот: „Пратеникот верува...“ па сè до крајот на сурата.

Тој што ги чита последните ајети на сурата Бекаре навечер, тие ќе го чуваат од секоја лошотија, од злото и шејтанот.

Ноќта почнува со заоѓањето на Сонцето, а завршува во мугрите.

التصنيفات

Доблести на сурите и ајатите, Утрински и вечерни зикрови