إعدادات العرض
„Верувањето има повеќе од седумдесет – или повеќе од шеесет – гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах‘, а…
„Верувањето има повеќе од седумдесет – или повеќе од шеесет – гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах‘, а најниската е отстранувањето на пречка од патот
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верувањето има повеќе од седумдесет – или повеќе од шеесет – гранки. Највредната од нив е изјавата: ,Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах‘, а најниската е отстранувањето на пречка од патот. И срамежливоста е еден огранок на верувањето.“
الترجمة
العربية বাংলা Bosanski English Español فارسی Français Bahasa Indonesia Русский Tagalog Türkçe اردو 中文 हिन्दी Tiếng Việt Kurdî Português മലയാളം తెలుగు Kiswahili தமிழ் မြန်မာ ไทย Deutsch 日本語 پښتو অসমীয়া Shqip Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands ئۇيغۇرچە සිංහල Hausa دری Magyar Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy Română Kinyarwanda नेपाली Српски Wolof Soomaali Moore Українська Български Azərbaycan ქართული тоҷикӣ bmالشرح
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè информира дека верувањето се состои од многу ограноци и делови,кои опфаќаат различни форми на дејствување, убедувања и говор. Највредниот и највозвишениот дел на иманот е да кажеме: „Ла илахе иллаллах“, разбирајќи го значењето и делувајќи според според тоа дека Аллах е Еден и единственото божество кое може/смее да се обожува и ибадетите можеме само заради Него да ги правиме. А најнискиот огранок на иманот е да отстраниме од патот секоја препрека која им пречи на луѓето. И на крајот Пратеникот, алејхи селам, ни кажа дека Срамот е дел од верувањето, а тоа е морално својство кое нè поттикнува да правиме убави работи и да ги избегнуваме грдите и неприкладните.فوائد الحديث
Иманот има многу ограноци, a некои од нив се повредни од останатите.
Иманот се манифестира со говор, дело и убедувања.
Да се срамиме од Аллах значи: Тој да не те види таму каде ти забранил да бидеш и да бидеш присутен таму каде Тој ти наредил да бидеш.
Спомнувањето на бројката во овој хадис не укажува на ограничување. Терминот укажува на тоа дека има многу ограноци на верувањето, но Арапите некогаш спомнуваат одредена бројќа не заради ограничување, туку за да укажат на мноштво кое не може да се изрази со егзактен број.