إعدادات العرض
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?’ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?’ Кога ќе стигне до тоа, нека…
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?’ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?’ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?’ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?’ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
الترجمة
العربية English မြန်မာ Svenska Čeština ગુજરાતી አማርኛ Yorùbá Nederlands اردو Español Bahasa Indonesia ئۇيغۇرچە বাংলা Türkçe Bosanski සිංහල हिन्दी Tiếng Việt Hausa മലയാളം తెలుగు Kiswahili ไทย پښتو অসমীয়া Shqip دری Ελληνικά Български Fulfulde Italiano ಕನ್ನಡ Кыргызча Lietuvių Malagasy or Română Kinyarwanda Српски тоҷикӣ O‘zbek नेपाली Moore Kurdî Oromoo Wolof Soomaali Français Tagalog Azərbaycan Українська bm தமிழ் Deutsch ka Portuguêsالشرح
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за ефикасниот лек против прашањата кои шејтанот му ги дошепнува на верникот: Па шејтанот вели: „Кој го создаде ова? Кој го создаде она? Кој ги создаде небото и Земјата?“ Па верникот одговара со својата вера, фитра и разум: „Аллах.“ Но, шејтанот не застанува тука со своите дошепнувања, туку продолжува додека не праша: „А кој го создаде твојот Господар?“ Во тој момент, верникот треба да ги одбие овие дошепнувања на три начини: Со иманот во Аллах. Со барањето на заштита од Аллах од проклетиот шејтан. Со прекинувањето на размислувањето за тие дошепнувања.فوائد الحديث
Избегнувањето на шејтанските дошепнувања и не размислувањето за нив, како и прибегнувањето кон Аллах за да ги отстрани.
Сè што доаѓа во човечкото срце како дошепнување кое е спротивно на шеријатот е од шејтанот.
Забрането е да се размислува за Аллаховото битие, додека пак се препорачува размислување за Неговите творби и знаци.