,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали,…

,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“

Енес, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ќе ви раскажам хадис што го слушнав од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој никој друг освен мене нема да ви го раскаже: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека еден од предзнаците на приближувањето на Судниот ден е снемувањето на верското знаење со смртта на учените. Како резултат на тоа, незнаењето ќе се зголеми и ќе се прошири, блудот и неморалот ќе станат почести, пиењето алкохол ќе се зголеми, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми; така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.

فوائد الحديث

Ова е објаснувањето за некои од предзнаците на Судниот ден.

Времето на Судниот ден е од скриените работи кои само Аллах ги знае.

Поттик за изучување на верското знаење пред да исчезне.

التصنيفات

Задгробниот живот, Вредноста на знаењето