„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја…

„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“

[صحيح] [متفق عليه]

الشرح

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се заколнал дека е близу симнувањето на Иса ибн Мерјем, алејхи селам, кој ќе владее со луѓето праведно и со Мухамедовиот верозакон. Тој ќе го скрши крстот кого го величаат христијаните. Потоа Иса, алејхи селам, ќе ја убие свињата. А после тоа тој, алејхи селам, ќе ја поништи џизја и ќе биде причината сите луѓе да станат муслимани. Богаството ќе се зголеми до толку што никој нема да го прифати: заради обемноста и никому нема да му треба повеќе отколку што веќе поседува и ќе се спуштат многу благодати и бројни добра.

فوائد الحديث

Потврдата за симнувањето на Иса, алејхи селам, пред крајот на светот, и тој ќе биде предзнак на Судниот ден.

Верозаконот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нема да биде дерогиран од некој друг верозакон.

Имотот ќе го има во изобилие пред крајот на светот, а луѓето нема да имаат потреба од него.

Радосни вести за опстанокот на исламската вера, со која ќе суди Иса, алејхи селам, пред крајот на светот.

التصنيفات

Претходните Божји пратеници и веровесници- мир над нив., Пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се со него., Задгробниот живот, Сеопфатноста на исламот