„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците

„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците

Џабир бин Абдуллах, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците, ниту за да барате почесни места. Кој го прави тоа, ќе биде во Огнот, Огнот!“

[صحيح] [رواه ابن ماجه]

الشرح

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, предупреди против барањето на знаење за да се фалиме и гордееме пред учените, за да се покажуваме дека сме и ние учени како нив, или за да расправаме со неразумните и неинтелигентните луѓе, или за да се истакнуваме и да бараме почесни места во седенките пред другите. Оној кој го прави тоа, ја заслужува џехенемската казна поради своето преправање и недостаток на искреност во барањето на верското знаење заради Аллах.

فوائد الحديث

Сериозна закана со џехенемскиот оган за оние кои учат верско знаење со цел да се фалат, расправаат или да се истакнуваат во научните кружоци и слично.

Важноста на искрениот ниет за оние кои учат верско знаење и ги подучуваат другите.

Ниетот е основа на делата и според него се добива наградата.

التصنيفات

Болести на срцето, Осудување на желбите и страстите, Merit and Significance of Knowledge