О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците

О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека: Аллаховиот Пратеник ﷺ им одржал хутба на луѓето на денот на освојувањето на Мека и рекол: „О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците. Па луѓето се делат на два вида: побожни и богобојазливи – тие се чесни и драги кај Аллах, и грешници и несреќни – тие се безвредни кај Аллах. Сите луѓе се деца на Адем, а Аллах го создаде Адем од земја. Аллах вели: „О луѓе! Ние ве создадовме од маж и жена и ве поделивме на народи и племиња за да се запознавате меѓу себе. Најугледниот меѓу вас кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Аллах, навистина, сѐ знае и Известен е за сѐ.“ (Ел-Хуџурат, 13)

[صحيح] [رواه الترمذي وابن حبان]

الشرح

Пратеникот ﷺ им одржа хутба/говор на луѓето на денот на освојувањето на Мека и рече: „О луѓе! Навистина, Аллах ја воздигна и отстрани од вас надменоста и вообразеноста на џахилиетот, како и гордеењето со предците. Луѓето, навистина, се поделени во две категории: Прва: верник, побожен, богобојазлив, покорен и посветен на обожување на Аллах – таквиот е чесен и драг на Аллах, дури и ако нема углед или високо потекло во очите на луѓето. Втора: неверник, грешник и несреќник – таквиот е безвреден и понижен кај Аллах, и не вреди ништо, дури и ако има углед, висока позиција или власт.“ „А сите луѓе се синови на Адем, а Аллах го создаде Адем од земја. Па не му прилега на оној чие потекло е од земја – да се вообрази и да се восхитува на самиот себе. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах: ,О луѓе! Ние ве создадовме од маж и жена и ве поделивме на народи и племиња за да се запознавате меѓу себе. Најугледниот меѓу вас кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Аллах, навистина, сѐ знае и Известен е за сѐ.‘ (Ел-Хуџурат, 13)

فوائد الحديث

Забрането е претерано е да се гордееш (и да се фалиш) со потеклото и со угледот.

التصنيفات

Вредноста и убавината на исламот, Сеопфатноста на исламот, Правата на човекот во исламот, Коментар на ајети